Шврговски: Ослободителната пресуда за Јанкуловска е правилна одлука

од Nikola Popovski
28 прегледи

Адвокатот Љупчо Шврговски, кој беше дел од одбраната на обвинетата Гордана Јанкулоска за предметот „Тврдина“, по ослободителната пресуда изјави дека се задоволни од исходот на процесот. Вели дека тоа беше единствената правилна одлука што требаше да биде донесена.

-Во однос на пресудата за Тони Јакимовски, од она што беше истакнато од страна на Судот, читајќи го обвинението, не сме задоволни и во тој дел, сигурно ќе поднесеме жалба, рече Шврговски во изјава за медиумите.

Кривичниот суд во Скопје ја изрече пресудата за случајот „Тврдина“ за уништувањето на опремата за масовното прислушување. Тројца, меѓу кои екс-разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се во бегство добија затворски казни, во вкупно времетраење од повеќе од 24 години. Екс-министерката Јанкулоска е ослободена, а има и уште една условна казна.

За злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа, поврзано со уништувањето на системите за следење на комуникацијата во УБК, Судот денеска ги прогласи за виновни обвинетите Тони Јакимовски и Валентина Симоновска, кои беа присутни во судница, како и Горан Грујевски и Никола Бошкоски, екс разузнавачи кои избегаа во Грција, на кои им се судеше во отсуство. За делата злоупотреба на службената положба и фалсификување исправа обвинетиот Тони Јакимовски беше осуден на една единствена казна затвор од три години, во која се засметува и притворот, обвинетиот Горан Грујевски на една единствена казна затвор од 14 години и шест месеци и обвинетиот Никола Бошкоски на една единствена казна затвор од девет години и десет месеци. Обвинетата Валентинa Симоновска, доби условна осуда со казна затвор од две години, доколку во период од пет години не стори друго кривично дело.

 

Слични содржини