116
Оние кои го критикуваат про-мировниот пристап на Унгарија во врска со војната во Украина, сè уште не изгубиле животи во конфликтот, вели министерот за надворешни работи на Унгарија, Питер Сијарто, повикувајќи ја меѓународната заедница на дипломатско решение, пренесе унгарската новинска агенција МТИ.
Унгарија директно се соочува со последиците од војната како соседна земја, рече Сијарто на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, пренесе унгарското Министерство за надворешни работи.
Унгарија ја започна најголемата програма за хуманитарна помош во својата историја, рече министерот, додавајќи дека земјата ќе продолжи да помага сè додека е потребно.