Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска оцени дека Соединетите Американски Држави имаат корист од рецесијата во Европа.
„Транзицијата на европската економија во рецесија е добра вест за американската економија и се чини дека Америка може да има корист од тоа“, изјави Сијарто пред унгарските новинари, пренесува РИА Новости.
Според него, ситуацијата во Европа е „жална“, бидејќи „Европската комисија прилично го кочи“ протокот на инвестиции во земјите-членки на ЕУ.
„Европската унија прави патетични обиди да ги закочи инвестициите во земјите-членки. Инвестициите се единствениот начин да се избегне рецесија во екот на војната во Украина и санкциите против Русија“, рече Сијрото, пренесе агенцијата МТИ.
Тој додаде дека Унгарија ги користи инвестициите како клучна економска инјекција по пандемијата на корона и дека инвестициите се неопходни за одржување на економскиот раст.
„Постигнавме рекорди во претходните години, но можевме да добиеме повеќе инвестиции доколку Европската комисија не ги блокираше“, рече Сијарто.