Си Џинпинг ја одби поканата на Путин да ја посети Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја одбил поканата на рускиот претседател Владимир Путин да ја посети неговата земја поради пандемијата на ковид-19, пишува јапонскиот весник „Јомиури“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Забележано е дека поканата од руската страна била испратена за време на разговорот на 15 јуни 2022 година, на роденденот на Си.

Како одговор, кинескиот претседател рече дека ќе биде тешко да ја посети Русија во блиска иднина поради ограничувањата против коронавирусот. Познато е дека кинескиот лидер не посетил странски земји од крајот на јануари 2020 година.

Изданието, исто така, смета дека Си Џинпинг се обидува, во пресрет на Конгресот на Комунистичката партија на Кина во есента 2022 година, каде најверојатно ќе остане трет мандат, да не презема драстични чекори и во внатрешната и во надворешната политика.

Посетата на Русија може да доведе до продлабочување на кризата со САД и Европа.

 

Слични содржини