404
За време на неговата денешна посета на Ксинџијанг, кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика властите на тој автономен регион да продолжат да ја поттикнуваат асимилацијата на муслиманите и да ги ограничат нелегалните верски активности.
„Секогаш треба да и даваме најголем приоритет на социјалната стабилност“, рече Си на состанокот со претставници на локалната власт во главниот град Урумчи.
Кинескиот претседател ја истакна важноста од одржување на редот и мирот во Ксинџијанг и обезбедување долгорочна стабилност, објави Блумберг.