Си Џинпинг: Кина и Франција го „пробија мразот“ на Студената војна

од Stefanija Kuzmanovska

Кинескиот претседател Си Џинпинг и францускиот претседател Емануел Макрон денеска разменија честитки по повод 60-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.

Кина и Франција го „пробија мразот“ на Студената војна и блоковите поделби пред 60 години за да воспостават дипломатски односи на амбасадорско ниво, истакна Си, додавајќи дека овој историски настан го поттикнал „глобалниот пејзаж да се развива во вистинската насока на дијалогот и соработка, која денес нуди инспирација“.

„Во текот на изминатите 60 години, двете земји се придржуваа до стратешки избори независни од надворешни влијанија и секогаш беа посветени на постигнување заеднички развој преку заемно корисна соработка, промовирање на заемното учење меѓу цивилизациите преку еднаква размена и заеднички одговор на глобалните предизвици преку мултилатерална координација“, стои во честитката на кинескиот претседател, пренесува новинската агенција Ксинхуа.

Слични содржини