Си-Ен-Ен: Бајден е нов претседател на САД

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Нов претседател на Соединетите Американски држави е демократот Џо Бајден, објави Си-Ен-Ен.

Џо Бајден стана 46-от претседател на САД, објави Си-Ен-Ен, откако победата во земјата во која е роден му даде над 270 изборни гласови потребни за да победи.

Со 20 изборни гласови во Пенсилванија, Бајден сега има вкупно 273 гласа.

Бајден се очекува наскоро да и се обрати на јавноста.

Пред да стане кандидат за претседател на Демократската партија, Бајден беше потпретседател на поранешниот претседател Барак Обама.

Тој е исто така сенатор со најдолг стаж во Делавер.