Си-ен-ен: Во Вухан најверојатно биле заразени околу 500.000 луѓе

од Stefanija Kuzmanovska
197 прегледи

Во Вухан, околу половина милион луѓе биле заразени со ковид-19, 10 пати повеќе од официјално објавениот број, пренесува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на истражување на Кинескиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Истражувачите анализирале 34.000 жители на Вухан, првичниот епицентар на пандемијата и други градови во провинцијата Хубеи, како што се Пекинг, Шангај, Гуангдонг, Џангсу, Сечуан и Лиаонинг, за да се процени стапката на инфекција со ковид-19 во тие области.

Тие ја утврдија стапката на распространетост на антителата на ковид-19 кај 4,43 проценти од граѓаните на Вухан, метропола со 11 милиони луѓе. Досега, официјално се потврдени 50.354 случаи на инфекција со ковид-19 во тој град, но серолошките тестови покажуваат дека околу 500.000 луѓе најверојатно биле заразени со коронавирусот.

Стапката на преваленца надвор од Вухан била значително помала, покажа студијата.

Во другите градови во провинцијата Хубеи, антитела на коронавирус се пронајдени кај само 0,44 проценти од испитаниците, наведува Си-ен-ен.

Јахонг Хуанг, постар соработник во Советот за надворешни работи, објасни дека разликите во бројките се појавиле делумно поради хаосот во здравствената заштита во тоа време, но исто така и делумно поради неможноста да се регистрираат асимптоматските случаи.

Слични содржини