Вработените од скопската Зоолошка градина решија да направиат „ѕид на срамот“ каде ќе објавуваат фотографи каде ќе биде прикажано некултурното однесување на посетителите.
-Со колегите решивме да направиме еден ѕид на срамот и за зоолошка. Еве да отворам јас со една фотка од примерен родител кој децата ги става во опасност преку ограда, а тој им демонстрира како не треба да се однесува човек во зоолошка, давајќи МАСТИКИ на гибонката веднаш до знакот- Забрането хранење на животните. Публиката од страна воодушевено го гледа овој свечен чин. Ваквото однесување треба да се искорени, не само во Скопје Зоо, туку и насекаде. Правилата постојат да се почитуваат, а животните и децата да се сакаат и кон нив да се однесуваме со многу грижа, љубов и внимание.
Не можам да разберам како родители го ризикуваат животот на сопствените деца, за да фрлат смока некаде…или во случајов со мастика да го загрозат животот на ендемски вид на животно, напиша на својот Фејсбук, Тина Мицковска која работи на позицијата за Односи со јавност во ЗОО Скопје.