Си го одржа зборот: Трамп го помилува генералот Мајкл Флин

од Vladimir Zorba
270 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп го одобри помилувањето на неговиот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин.

„Чест ми е да објавам дека на генералот Мајкл Т. Флин му се гарантира целосно помилување. Честитки за генералот Флин и неговото прекрасно семејство“, напиша Трамп на својот Твитер профил и му посака среќен празник на Флин.

Флин е вториот соработник на Трамп на кого претседателот му даде помилување откако беше осуден во процесот за руско влијание на претседателските избори во 2016 година, пренесува АП.

Претходно, американскиот претседател го помилува Роџер Стоун, неговиот долгогодишен близок соработник и тоа само неколку дена пред Стоун да се јави на издржување на затворската казна.