Крајбрежната стража во Турција од отворено море спаси бебе кое отпловило километри далеку од брегот откако неговите родители сфатиле дека тие заборавиле да го извадат од водата, пишува Daily Mail.
Преплашените родители веднаш ја повикале на помош крајбрежнатата стража кога сфатиле каков пропуст направиле. Девојчето Мелд Илгин ја спасило тоа што се наоѓала на душек за вода. Од водата ја извлекле спасувачите кои скокнале во водата за тоа да го постигнат.
Агонијата на семејството Илгин започна кога семејството отиде на плажата во еден мал град Кучукју на југозападниот брег на Турција. Родителите се одморале на плажа додека малата Мелда која била на душекот ја одвеле силни ветрови и брзо одпловила далеку од брегот. Девојчето било тргнато во насока на грчкиот остров Лезбос.