Кина и Германија треба да работат заедно за да ги зајакнат добрите односи меѓу Пекинг и ЕУ, без никакво мешање од трета страна, му кажа денеска кинескиот претседател Си Џинпинг на германскиот претседател во телефонски разговор, пренесе кинеската државна телевизија CCTV.
Си му рекол на својот германски колега Франк-Валтер Шрајнмаер дека Кина се надева дека Германија може да обезбеди транспарентна и недискриминаторска работна средина за кинеските претпријатија во Германија, која, како што рече, е најголемиот пазар во ЕУ.
„Кина ја поддржува стратешката автономија на ЕУ и се надева дека европската страна ќе се придржува до позициите на Кина и Европа како стратешки партнери, како и почитување на принципот дека односите меѓу Кина и ЕУ не се загрозени, дека тие се независни и дека во нив не се меша трета страна“, рече Си.
„Ројтерс“ објави дека Пекинг и Берлин на почетокот на овој месец постигнале договор за обезбедување „германски вакцини“ за германските граѓани во Кина, а портпаролот на германската влада рече дека Берлин работи на подобрување на соработката меѓу германската компанија „Бионтек“ и нејзиниот кинески партнер на вакцина против ковид 19.