Скопската полиција поднесе кривична пријава против А.Ѓ. (23) и А.Ѓ. (25), двајцата од селото Рашче, кои се осомничени за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем како и за изработка и употреба на лажна платежна картичка.
– Првопријавениот, во периодот од септември до декември 2021, додека бил вработен во правно лице во Скопје на работно место продавач, искористувајќи поволна прилика, со својот мобилен телефон ги фотографирал идентификационите податоци од платежните картички заедно со пин кодот од картичките на купувачите, кои му ги давале за плаќање на купената стока. На тој начин успеал да собере податоци на 17 граѓани и потоа, заедно со второпријавениот ги искористиле во неколку наврати за плаќање на комунални сметки и нарачки на производи. По преземени мерки, било утврдено дека пријавените се сторители на делата. Со судска наредба биле извршени претреси во нивните домови во с.Рашче и биле пронајдени докази за извршување на кривичните дела – велат од МВР.