Си поднесе оставка: Тренерот на Динамо Загреб ќе мора да оди во затвор

од Nikola Popovski
711 прегледи

Тренерот на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ денес го напушти тој фудбалски клуб, откако Врховниот суд во Хрватска ја потврди пресудата според која тој ќе мора да оди во затвор.

„Иако не се чувствувам виновен, како што објавив претходно, доколку пресудата е конечна, ја прифаќам како таква и се повлекувам од Динамо. Му посакувам на клубот многу среќа и спортски успех во понатамошната работа “, рече Мамиќ во изјавата, пренесе Хина.

Раководството на Динамо Загреб ја прифати неговата оставка од позицијата тренер и спортски директор.

Мамиќ го напушти клубот три дена пред реваншот против Тотенхем во осминафиналето од Лигата на Европа.

Нов тренер на Динамо Загреб е Дамир Крзнар.

Врховниот суд ја потврди пресудата на судот во Осијек, според која Зоран Мамиќ мора да одлежи затворска казна од четири години и осум месеци.

Исто така, беа потврдени пресудите на Здравко Мамиќ од шест и пол години затвор, Милан Пернар од три години и два месеци и Дамир Врбановиќ од три години.

Слични содржини