Си повика на решавање на споровите, Кишида загрижен поради кинеските активности во регионот

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Кина и Јапонија треба „на соодветен начин да управуваат со споровите“, му рекол кинескиот претседател Си Џинпинг на јапонскиот премиер Фумио Кишида за време на состанокот во Калифорнија, пренесува „Бета“.

Двете земји, со врски кои сè уште се обележани со јапонската инвазија на кинеска територија минатиот век, „мора да се фокусираат на нивните заеднички интереси и соодветно да управуваат со споровите“, рече Си, пренесе CCTV.

За време на средбата организирана во Сан Франциско, кинескиот претседател ги повика Токио и Пекинг да градат мирни билатерални односи и покрај територијалните и историските спорови.

„Мирниот соживот, трајното пријателство кое опфаќа генерации, заемно корисната соработка и заедничкиот развој се добри насоки кои им служат на основните интереси на кинескиот и јапонскиот народ“, рече Си.

Од потпишувањето на Договорот за мир и пријателство меѓу Јапонија и Кина во 1978 година, билатералните односи „и покрај тешкотиите ја одржуваат динамиката на развој, носејќи им придобивки на народите на двете земји“, додаде кинескиот претседател.

Врските меѓу двете земји „играа и позитивна улога во промовирањето на регионалниот мир, развој и просперитет“, наведе Си.

Спорните острови

Ненаселените острови во Источното Кинеско Море, Сенкаку во Јапонија и Диаоју во Кина се еден од изворите на тензии меѓу двете земји, бидејќи и двете сметаат дека тврдат дека имаат суверенитет над таа територија.

Кишида, од своја страна, рече дека Јапонија е „длабоко загрижена“ поради воената активност на Кина во азиско-пацифичкиот регион и нејзината соработка со Москва, пренесоа јапонските медиуми.

Си и Кишида се сретнаа во Сан Франциско на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).

Слични содржини