Судскиот совет денеска ги констатираше оставките на членовите Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски по нивното барање да си заминат од ова тело.
Судијката Стефкова која беше судија во Врхивниот суд, призна дека во последниот период се разишла во ставовите со другите членови на советот по неколку прашања и како причина за оставката го наведе изневереното очекување дека со своето искуство ќе придонесе за основната дејност на Судскиот совет, за независноста и самостојноста, како и за постапките за избор на судиите со почитување на законските одредби.
Герасимовски се надоврза на Радевска-Стефкова и истакнал дека ги прифаќа забелешките, додавајќи дека во овие девет месеци додека бил член имал идеолошки несогласувања, а последните превирања биле уште една причина да си замине.
По констатирањето на оставките, Советот формираше комисија за избор на нови членови на која за претседател го избра членот Ханиф Зендели.
Судскиот совет пред извесен период доби нов претседател, откако претходничката Весна Дамева беше разрешена на 26 април, на седница која помина тензично откако потпретседателот на Судскиот совет. Заменик претседателот Селим Адеми го презеде од неа раководењето на седницата и го стави на гласање нејзиното разрешување за кое се изјаснија 7 членови.
На истата седница се очекуваше да биде сменет судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети кој со месеци го чуваше предметот за една од најголемите афери со прислушувањето „Таргет-Тврдина.“ На нејзино место беше избран судијата Сашко Георгиев, додека Дамева поднесе тужба до Управниот суд за нејзиното разрешување.