Брзата интервенција на дежурниот тим на Клиниката за пулмологија спречила поголема несреќа вчера кога пациент ја извадил маската за кислородна поддршка и запалил цигара.
„Вечерва на Клиниката за пулмологија во Скопје пациент, сместен во соба за кислородна поддршка, ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара. Поради проток на кислород во собата дошло до пожар и пацинетот се здобил со помали изгореници на лицето и градите. Дежурниот медицински пероснал брзо реагирал, дотокот на кислород навреме бил исклучен со што била спречена експлозија. Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а од болничката соба оштетен е мал дел од подот“, истакнуваат од Министерството за здравство.
Во однос на ситуацијата на Клиниката за пулмологија во Скопје, каде пациент синоќа ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара, предизвикувајќи пожар, Филипче нагласи дека ова е нешто што ни укажува дека сите треба да бидеме одговорни.
– Ова е сепак нешто што ни укажува дека сите ние сме одговорни. Имало пациент кој запалил цигара. Среќа имало лица кои интервенирале и се спречила трагедија. Секој од нас треба да биде одговорен во оваа ситуација во однос на постапките, рече Филипче.
Тој додаде дека во собата имало и други пациенти, но не се повредени.