Сибиха: Повеќе нема да има безбедно место на руска територија

,,Русија мора да разбере дека од денес и во иднина нема да има безбедно место за нив и дека украинското оружје и војниците ќе стигнат до кој било воен објект на нивна територија“, рече Сибиха.

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Русија мора да разбере дека од денес, украинското оружје ќе стигнува до кој било нивен воен објект и дека повеќе нема да има безбедно место на руска територија, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.

Тој ја даде изјавата на маргините на Варшавскиот безбедносен форум по изјавата на специјалниот претставник на американскиот претседател за Украина, Кит Келог, дека Доналд Трамп одобрил украински напади со оружје со долг дострел на руска територија, објави Укринформ.

„Украина ја брани својата независност, врз основа на правото на самоодбрана во согласност со член 51 од Повелбата на ОН. Русија мора да разбере дека од денес и во иднина нема да има безбедно место за нив и дека украинското оружје и војниците ќе стигнат до кој било воен објект на нивна територија“, рече Сибиха.