Сибиха: Русија не постигна ниту една стратешка цел во војната

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха оцени дека за повеќе од три години војна против Украина, Русија не постигнала ниту една стратешка цел, а ова го изјави во врска со извештајот на Генералштабот на вооружените сили на Украина за загубите на руската армија.

„Денес, загубите на Русија во Украина достигнаа милион убиени и ранети во битките. Милион изгубени залудно – Русија не постигна ниту една стратешка цел на својата целосна инвазија. И нема да ги постигне“, изјави шефот на украинската дипломатија на платформата X.

Тој нагласи дека Украина не ја започнала оваа војна и дека повеќе од кој било друг сака таа да заврши.

Слични содржини