Сибир: Нова експлозија во депо за муниција, деветмина повредени

од desk2
140 прегледи

Најмалку деветмина се повредени во нова експлозија што денеска се случи во скалдиште за муниција во Сибир за време на акција за чистење, во воената база во дистриктот Краснојарск.

Инцидентот се случи откако пред четири дена поради експлозија во военото депо во Ачинск беа евакуирани илјадници луѓе, а едно лице загина, а 13 се повредени.

Причина за експлозија во Ачинск, според Централниот воен округ, бил гром кој погоди артилериска граната.