145
Хакери од Русија се одговорни за сајбер нападот врз осигурителната компанија „Медибанк“ и за кражба на податоци на околу 10 милиони поранешни и сегашни корисници, соопшти денеска Австралиската федерална полиција (AFP).
„Групата сајбер-криминалци зад кражбата на податоци во Медибанк најверојатно е одговорна за други големи упади во различни системи ширум светот“, рече началникот на Федералната полиција Рис Кершо, пренесе „Ројтерс“.
Групата сајбер-криминалци зад кражбата на податоци во „Медибанк“ најверојатно е одговорна за други големи упади во различни системи ширум светот, додаде Кершо.