Сиднеј: Човек застрелан во трговски центар откако повеќе луѓе беа избодени со нож

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Еден човек е застрелан по извештаите дека неколку луѓе биле избодени со нож во трговскиот центар Вестфилд Бонди Џанкшн во источниот дел на Сиднеј, соопшти денеска австралиската полиција.

Полицијата на Нов Јужен Велс потврди дека еден човек бил застрелан и оти дошле на местото на настанот по извештаите за избодени повеќе луѓе на местото Вестфилд Бонди.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат неколку луѓе како го напуштаат трговскиот центар, а неколку амбулантни и полициски возила се пред вратите на објектот, јавува австралиската телевизија „9 њуз“.

Слични содржини