Сиднеј, Канбера и Мелбурн ја дочекаа Новата 2024 година

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Новата 2024 година пристигна во источните делови на Австралија, вклучувајќи ги и нејзините најголеми градови Сиднеј, Канбера и Мелбурн.

Долгоочекуваниот спектакуларен огномет на сиднејскиот Харбор Бриџ и операта го осветли небото на градот, со овации од голем број луѓе кои беа присутни на прославата.

Граѓаните во Сиднеј почнаа да се собираат од утринските часови со надеж дека ќе најдат добро место за гледање на светлосниот спектакл, а на околните локации за набљудување немаше места уште околу 19 часот по локално време.

Новата 2024 година ја дочекаа и Нов Зеланд, а беше организиран огномет од Sky Tower, највисоката зграда во земјата, во најголемиот град на Нов Зеланд, Окленд.

Новата година најпрво пристигна во островската држава Кирибати во Тихиот Океан.

Слични содржини