Тој беше член на славната генерација на Милан под водство на Карло Анчелоти, имаше преглед, пас, а и таква конституција, што беше подобро за противниците да налетаат на трактор отколку на Кларенс Сидорф. Во годините по завршувањето на неговата играчка кариера, фудбалските фанатици беа воодушевени од фотографиите на славниот Холанѓанец. И сега кога зачекори длабоко во петтата деценија од својот живот, изгледа поподготвен од многу активни фудбалери.
„Никогаш не верував во возраста. Не во смисла дека постои биолошка граница. Имате и факти, тестови кои покажуваат во каква состојба се наоѓате. На пример, имав подобри параметри на 34 -годишна возраст отколку на 26. Другата работа е дека за некои тие податоци не се важни“, вели Седорф во интервју за „Тутоспорт“.
Впрочем, тој не е единствениот пример.
„Сега ги имате Златан Ибрахимовиќ и Оливие Жиру, тие се однесуваа добро во текот на кариерата и сега им е полесно да продолжат. Исто така постои и тоа искуство со кое многу компензирате, младите го немаат: управување со емоции, тренинзи, тешки моменти … Со луѓе како Ибра и Жиру, покривате многу работи што другите фудбалери не ги доживеале уште. И тоа е животна приказна за како младите луѓе да растат “.
Го споменува Милан затоа што имал најголем успех таму од 2002 до 2012 година. И тој се надева дека „росонерите“ наскоро ќе се вратат на патот на успехот. Ова едноставно не е истиот клуб сега, иако поранешниот соиграч на Кларенс и легенда на клубот, Паоло Малдини е на позицијата спортски директор.
„Разговараме од време на време. Милан е во добри раце, ДНК на секој клуб може да се пренесе само преку оние што го преживеале тоа. Со тотем како него, присутен секој ден, барем тие информации се пренесуваат правилно. Дали ќе успеат да ги префрлат на терен е друга приказна. Но, Милан гради нешто цврсто, изборот е јасен, отсекогаш сум сметал дека мешањето на млади и стари е од фундаментално значење. Истото го мисли и Паоло, го остави Ибра, го донесе Жиру, тоа е линијата “.
Далеку од тоа дека Сидорф е наивен да мисли дека сега може да им вети се на фановите. Јувентус доминираше со години додека Интер не го симна од тронот минатата сезона. Сепак, Сидорф таму не гледа закана.
„Јувентус? Мислам дека стомакот им е полн. Тие повторно градат, го имаа својот период на доминација, па сега можат да си дозволат неколку суви години. Не очекувам Јувентус да биде толку гладен како оние кои не освоија ништо оваа година“.
Кој тогаш?
„Лигата ќе биде порамномерна и избалансирана од минатата сезона. Сите тимови под третото место се засилија, но Интер и Милан, според мое мислење, имаат нешто повеќе. Ќе видиме како Милан ќе се бори со обврските. Од една страна, убаво е да се врати во Лигата на шампионите и таму ќе играат со големи амбиции. За фановите, скудетото би било одлично. Интер загуби важни играчи, не е лесно да се заменат, но сепак е исклучителен тим“, претпазлив е Сидорф.