Сидорф: Во Реал менталитетот на победник е насекаде, додека Сити и ПСЖ воопшто немаат таков

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Кларенс Сидорф, воопшто не е изненаден од драматичниот успех на тимот над Манчестер Сити во полуфиналната пресметка од Лигата на шампионите. На секунди до крајот на регуларното време на реваншот, Шпанците губеа со 3:5 во вкупниот резултат, но на крајот успеаја да се квалификуваат постигнувајќи три гола.

„На Сити и Пари Сен Жермен им недостига менталитет на победници, додека во Реал е дел од клубот. Менталитетот на победник во Мадрид не се гради за година или две или дури десет. Штом дојдете овде, веќе сте дел од нешто каде што сè е многу поголемо од вас. Овој клуб има освоено 13 европски титули. Доколку Реал биде елиминиран во осминафиналето, нема да може да ве видат низ градот со месеци“, изјави Сидорф по драматичната ноќ на „Сантијаго Бернабеу“.

Самиот Холанѓанец беше дел од еден од спорните триумфи на Реал – во сезоната 1997/98.

„Магијата на Бернабеу не може да се објасни. Многу сум среќен и горд што играв овде“, додаде Сидорф.

Поранешниот репрезентативец на „лалињата“ ја освои Лигата на шампионите со уште два клуба – Ајакс и Милан (двапати), а во двата случаи кај „росонерите“ негов тренер беше Карло Анчелоти.

Слични содржини