Актерката Сиена Милер ги откри детали околу секс сцените во новиот филм на Бен Афлек “Тие живеат во ноќта”, пишува The Independent.
Секс-маратонот траел околу девет часа, објаснила Милер. Афлек, кој е и режисер на драмата, ја толкува и главната улога. Херојот Џо Кофлин е ветеран од војната, кој преминал на другата страна на законот.
“Ние со Бен сме како брат и сестра, па за среќа непријатност не се појави. Затоа пак имаше многу глупави шеги “, раскажува актерката, чија улога е на проститутката Ема.
Според неа, таа се изненаденила од фактот дека Афлек така упорно се обидел да ги исцртува еротските способности на својот лик.
“Излезе дека тој само сака да тестира нова техника на снимање – без монтажа”, додаде таа. Секоја сцена се повторува неколку пати без да се исклучува камерата.
“Тие живеат во ноќта” е криминална драма, чија премиера беше на 13 јануари. Улоги во филмот имаат уште Зое Салдана и Ел Фанинг.