Сигурен сум дека нашите партнери во Скопје нема да се обесхрабрат, рече Рот по ветото на Бугарија

од Vladimir Zorba

Министерот за европски прашања, Михаил Рот, и претседавач на денешниот состанок за општи работи на ЕУ, е уверен дека ќе се изнајде решение за преговарачката рамка за Северна Македонија најдоцна за време на португалското претседателство, јави дописничката на МИА од Брисел.

Михаил Рот попладнево потврди дека поради една земја членка, Бугарија, денеска не се усвоени преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија, и дека тој е лично разочаран поради оваа ситуација.

-Европската Комисија предложи преговарачка рамка, прашањето е кога, а не дали таа ќе биде усвоен. би сакал да испратам малку оптимизам, само една земја не се согласи за преговарачката рамка, а таа рамка мора да биде прифатена од сите земји членки на ЕУ и од Северна Македонија. Прилично сум сигурен дека нашите партнери во Скопје нема да се обесхрабрат, рече Рот на прес конференцијата.

Слични содржини