Сијарто: Ако ЕУ не го интегрира Западен Балкан, други ќе го сторат тоа

од Vladimir Zorba
1,2K прегледи

Западен Балкан не смее да се гледа како предворје на Европа, туку како клучен регион без кој нема напредок, рече шефот на унгарската дипломатија.

Петер Сијарто на панелот во Варшава во вторникот, на панел дискусијата за стратегијата на НАТО, рече дека не е сигурен дека земјите од Западна Европа се целосно свесни за важноста на безбедноста и стабилноста во регионот, и една од причините може да биде тоа што се географски далеку од него, пренесува МТИ.

Сијарто рече дека е спорно што ЕУ не постигнала напредок со интеграцијата и дека западните министри честопати се жалат дека земји како Русија, Кина, Турција и Саудиска Арабија се обидуваат да влијаат на регионот.

„Како можеме да ја добиеме играта ако не излеземе на терен? Ако ЕУ не може да го интегрира регионот, другите ќе го сторат тоа“, праша министерот.

Сијарто го пофали фактот дека НАТО прими три земји од регионот и додаде дека „за жал, ЕУ е многу побавна во тој поглед“.

Тој, исто така, го сврте вниманието на опасноста од миграциски бранови, велејќи дека тоа е една од најважните мигрантски рути низ Западен Балкан. Тој повтори дека Унгарија ја поддржува „политиката на отворени врати“, како и проширувањето на ЕУ и НАТО.

Слични содржини