Екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски не е политичко, туку правно прашање за кое е задолжен судскиот систем, кажа Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
–Тоа е работа за судскиот систем и во Унгарија политичарите во врска со тоа не може да поставуваат прашање, изјави Сијарто на заедничката прес-конференција во МНР со шефот на дипломатијата Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање зошто Унгарија не го испорачува Груевски.
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски побегна во Будимпешта во 2018 година каде доби политички азил. Тој беше правосилно осуден на двегодишна затворска казна во случајот „Тенк“ за набавката на луксузен Мерцедес вреден 570 илјади евра. Груевски, кој беше премиер од 2006 до 2016 година, е обвинет и во уште четири други случаи.