Сијарто: Европската интеграција сега звучи како лоша шега ако Брисел верува дека Украина е поподготвена за членство во ЕУ отколку Западен Балкан

„Земјите од тој регион се подготвени и би придонеле за економскиот развој на ЕУ, додека Украина носи само опасност, војна и украинска мафија“, рече Сијарто.

од Vladimir Zorba
18 прегледи Фото: Фејсбук/Петер Сијарто

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во четврток во Бања Лука го потврди противењето на владата на Виктор Орбан кон евентуалното пристапување на Украина кон членство во Европската Унија, додавајќи дека единственото важно нешто за неговата земја е земјите од Западен Балкан да се приклучат кон ЕУ.

„Европската интеграција сега звучи како лоша шега ако Брисел верува дека Украина е поподготвена за членство во ЕУ отколку Западен Балкан. Земјите од тој регион се подготвени и би придонеле за економскиот развој на ЕУ, додека Украина носи само опасност, војна и украинска мафија“, рече Сијарто.

Тој рече дека стабилноста и мирот на Западен Балкан се од најголема важност за Унгарија. Дестабилизацијата во јужна Европа, рече Сијарто, би имала трагични последици за националната безбедност на Унгарија.

Најави дека Унгарија ќе продолжи да ја зајакнува соработката со Република Српска, а притоа не ја спомена Босна и Херцеговина.