Сијарто: Нападот врз нафтоводот „Дружба“ е напад врз суверенитетот на Унгарија

Нападите врз нафтоводот „Дружба“ треба да се сметаат за напади врз суверенитетот на Унгарија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

од Vladimir Zorba
16 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/АПТ

Нападите врз нафтоводот „Дружба“ треба да се сметаат за напади врз суверенитетот на Унгарија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

„Во моментов, без „Дружба“, физички не можеме да ја снабдуваме земјата, бидејќи преостанатата инфраструктура не може да испорача доволно нафта. Кога испораките преку „Дружба“ се прекинати, не можеме да ја снабдуваме земјата со нафта. Значи, секој што ќе го нападне нафтоводот што води до Унгарија, го напаѓа нашиот национален суверенитет, што претпоставува безбедно снабдување со енергија“, рече Сијарто, кој учествува во Руската недела на енергија (REW), објави денес ТАСС.

Сијарто изрази надеж дека Европската Унија ќе преземе мерки и ќе обезбеди безбедно снабдување со енергија за своите земји-членки.

„Но, за жал, досега не видовме никаква поддршка“, рече Сијарто.

Украинските вооружени сили претходно извршија неколку напади со беспилотни летала и ракети врз инфраструктурата на нафтоводот „Дружба“ на руска територија, а испораките на нафта до Унгарија и Словачка се прекинати додека се поправа на нафтоводот.