Сијарто: По украинскиот напад, прекинато снабдувањето на Унгарија со руска сурова нафта

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Снабдувањето со руска сурова нафта за Унгарија е прекинато откако Украина нападна трансформаторска станица на цевководот што води кон Унгарија, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Сијарто во објава на Фејсбук изјави дека разговарал со рускиот заменик-министер за енергетика Павел Сорокин, кој го информирал дека експерти работат на обновување на трансформаторската станица, објави Ројтерс.

Сијарто, исто така, рече дека Сорокин му кажал дека не е јасно кога ќе продолжат испораките на нафта.