Сијарто: Победата на Трамп може да донесе мир во Европа следната година

од Vladimir Zorba
30 прегледи

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денеска изјави дека победата на Доналд Трамп на изборите во САД создала нова политичка реалност која може да донесе мир во Европа следната година.

Како што објасни Сијарто, следната американска администрација ќе усвои „мирен пристап“, со кој тој очекува да ја преиспита „целосно неуспешната европска стратегија за снабдување со оружје, користење оружје на руска територија и одобрување нови пакети санкции“, пренесе telex.hu.

Победата на републиканскиот кандидат на изборите значи дека има добри шанси „мирот да се врати во Европа следната година“, додаде шефот на унгарската дипломатија.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој одржува блиски односи со Трамп, беше првиот лидер на ЕУ кој му ја честиташе победата на претседателските избори во САД.

Слични содржини