506
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто поради маглата утринава не можел да слета во Сараево, па продолжил кон Бања Лука, поради што се одложени средбите кои ги имаше закажано за денеска.
Според првичниот план, Сијарто во Сараево требаше да се сретне со министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ, а потоа со претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Бидејќи не можел да слета во Сараево поради магла , дошло до „ротација на состаноците“, а во Бања Лука го пречекаа Милорад Додик и српската членка на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ.
Потоа Сијарто треба да отпатува во Сараево на средба со министерот за надворешни работи во советот на министри на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ.