Сијарто: Провоените сили во Вашингтон и Брисел започнаа „напад на новата реалност“

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денеска изјави дека провоените сили во Вашингтон и Брисел „во последниот чин на фрустрација“ извршиле „жесток напад врз новата реалност“ и дека не се плашат од најлошото сценарио – проширување на војната во Украина на целиот свет.

„Провоените мејнстрим партии во Вашингтон и Брисел го започнаа последниот, жесток напад на новата реалност… Ова не е само антидемократски потег, туку и крајно опасен. Се чини дека провоените сили во последниот чин на фрустрација не се плашат од најлошото, односно од ширењето на војната од Украина во целиот свет“, напиша Сијарто на својот Фејсбук профил.

Тој посочи дека „новата реалност“ е создадена со победата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на претседателските избори во таа земја, со оценка дека гласачите „одлучиле да ги поддржат патриотските сили кои се залагаат за мир“.

Слични содржини