Сијарто шпионира во корист на Москва?

Сијарто редовно му се јавува на својот руски колега, Сергеј Лавров, помеѓу состаноците на Советот на ЕУ за да го информира за напредокот на дискусиите, објави „Вашингтон пост“

од Vladimir Zorba
13 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, редовно му се јавува на својот руски колега, Сергеј Лавров, помеѓу состаноците на Советот на ЕУ за да го информира за напредокот на дискусиите, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на функционер за безбедност на ЕУ.

Според потпретседателот, унгарскиот министер редовно дава „извештаи во живо за тоа што се дискутирало“ на состаноците на ЕУ и информации за можни решенија.

„Преку вакви повици, на секој состанок на ЕУ со години, Москва во основа била на маса“, рече неименуван европски функционер.

Со години, владата на Виктор Орбан ѝ обезбедуваше на Москва клучни сознанија за чувствителните дискусии на ЕУ, и преку свои функционери и благодарение на руските хакери кои навлегле во компјутерските мрежи на унгарското Министерство за надворешни работи, според неколку сегашни и поранешни европски функционери, вклучувајќи го и Ференц Фреш, поранешниот шеф на Службата за кибер одбрана на Унгарија.

Фото: Фејсбук/Петер Маѓар

Лидерот на опозициската партија Тиса, Петер Маѓар, реагираше на извештајот на „Вашингтон пост“ нарекувајќи го Сијартo „предавник на Унгарија“.

„Фактот што унгарскиот министер за надворешни работи, близок пријател на Сергеј Лавров, ги информира Русите за секој состанок на ЕУ речиси минута по минута е отворено предавство. Овој човек ја предаде не само својата земја, туку и Европа“, рече Маѓар.

Веста, исто така, објави, повикувајќи се на европските разузнавачки служби, дека руските тајни служби предложиле обид за атентат врз Орбан во обид да добијат поголема јавна поддршка, бидејќи рејтингот на владејачката партија Фидес продолжува да паѓа.

Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 12 април, а најновите анкети покажуваат дека опозициската партија на Тиша води со 14 процентни поени.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш јавно го поддржа Орбан пред изборите, велејќи дека се надева дека ќе „победи убедливо“.