Сијарто: Тешко ни е, но не сме за воведување гасно ембарго врз Русија

од Nikola Popovski
188 прегледи

Унгарската влада одбива да разговара за можноста за воведување гасно ембарго врз Русија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Сијарото во парламентот рече дека и покрај сериозната безбедносна закана за Европа од војната во Украина, предизвик е и обезбедувањето енергетска и економска безбедност, пренесува МТИ.

„За жал, ние се наоѓаме во тешка ситуација, бидејќи испораките на гас од Русија за Европа се значително намалени, а стапката со која расте цената на природниот гас може да ги фрли на колена европските економии“, рече Сијарто.

Во однос на испораката на гас за Унгарија, тој додаде дека поголемиот дел од гасните правци се префрлени на јужниот тек.

„Унгарија увезува приближно 30 милиони кубни метри гас секој ден, од кои половина се испорачува преку јужниот тек што минува низ Турција, Бугарија и Србија“, рече Сијарто, додавајќи дека унгарската влада одлучила да го зголеми увозот на гас и дека за грејна сезона ќе има складирани дополнителни количини.

Слични содржини