Сијарто: Унгарија ќе го искористи претседавањето со ЕУ за да го забрза проширувањето со земјите од Западен Балкан

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто на денешната средба со австрискиот колега Александар Шаленберг во Виена истакна дека Унгарија ќе го искористи претседавањето со Европска Унија за да го забрза процесот на проширување со земјите од Западен Балкан.

Сијарто истакна дека на ЕУ и се потребни нова енергија, нова инспирација, нова амбиција а тоа може да го донесат земјите од Западен Балкан.

– Мислам дека земјите од Западен Балкан и се попотребни на ЕУ, отколку што ним им е потребно членство во ЕУ. Затоа сметаме дека треба да се забрза процесот на проширување на ЕУ. Сакаме да го искористиме времето на претседавање со ЕУ, така што дека голем број земји од Западен Балкан отвораат што е можно повеќе поглавја во преговарачкиот процес за членство, посочи Сијарто.

Тој и Шаленберг разговараа и за илегалната миграција и соработката во енергетскиот сектор.

Слични содржини