Силен земјотрес ја погоди западна Турција: „Повредени се 35 лица“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
137 прегледи

Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), додека турското МВР соопшти дека засега нема извештаи за жртви или значителна материјална штета.

Земјотресот е регистриран на длабочина од два километра, додава EMSC.

Според турската Агенција за управување со вонредни состојби (AFAD), која регистрираше јачина од 5,9 степени, епицентарот на земјотресот бил во Гољак, област во северозападната провинција Дузче.

„Ги проверивме речиси сите села околу Гољака. Нема извештаи за сериозни штети, само неколку урнати плевни. Имаше прекин на струја, но властите работат на тоа што поскоро да се врати снабдувањето со електрична енергија“, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Министерот за здравство Фахретин Коча на Твитер напиша дека 35 лица се повредени.

Турските медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во Истанбул и Анкара.

Слични содржини