Силен земјотрес во Авганистан, Пакистан и Индија

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Во вторникот вечерта се почувствувало силно тресење на тлото во авганистанската престолнина Кабул и низ северен Пакистан.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) извести дека земјотресот бил со јачина од 6,5 степени, со длабочина од 194 километри и со епицентар во планинскиот венец Хиндукуш, во близина на авганистанската провинција Бадакшан.

Засега нема информации за жртви.

Земјотресот, освен во Авганистан, се почувствувал и во голем број пакистански градови, во Кашмир, како и во главниот град на Индија, Њу Делхи.

Големи делови од Јужна Азија се сеизмички активни бидејќи тектонската плоча позната како Индиска плоча се турка на север во Евроазиската плоча.

Минатата година, повеќе од 1.000 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 6,1 степени во источен Авганистан.

Слични содржини