285
Силен земјотрес рано утринава го погоди грчкиот остров Крит. Засега нема извештаи за евентуална материјална штета или повредени.
Земјотресот бил со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Атинскиот геодинамички институт, а бил почувствуван дури и во главниот град на Египет, Каиро, пренесува „Ројтерс“.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) наведува дека земјотресот бил на длабочина од 80 километри.
EMSC го ревидираше својот првичен извештај од шест по Рихтеровата скала на 5,4.