Силен земјотрес го погоди Тајван

од Stefanija Kuzmanovska
125 прегледи

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на Тајван. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 8 километри и оддалечен 32 километри од Хуалиен.

Засега нема извештаи за жртви или оштетувања на згради.

Очевидци јавуваат дека зградите во главниот град Тајпеј се треселе, пишува EMSC.

Тајван се наоѓа во близина на спојот на две тектонски плочи и е подложен на земјотреси.

Во 2016 година, повеќе од 100 луѓе загинаа во областа за време на земјотрес, додека во 1999 година, повеќе од 2.000 луѓе ги загубија животите за време на земјотрес со јачина од 7,3 степени.

Слични содржини