Во Тихиот океан во близина на Курилските острови рано утринава се случил земјотрес со јачина од 6 степени, соопшти за РИА Новости островскиот огранок на Геофизичката служба на Руската академија на науките.
„Земјотрес со јачина од 6 степени е регистриран на 26 февруари. Земјотресот се случи на 102 километри југозападно од селото Головнино на Курилскиот остров Кунашир“, изјави шефот на сеизмичката станица Сахалинск, Елена Семенова.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 63 километри.
Тресењето на земјата е почувствувано во регионалниот центар Јужно-Курилск на Кунашир и во селото Малокурилскоје на островот Шикотан.