Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва околу 21: 20 часот во италијанскиот дел на Јадранот.
Епицентарот на земјотресот бил, како што е објавено на веб-страницата на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), во морето, 91 километар северно од Пескара и 57 километри југоисточно од Сан Бенедето дел Тронто, наведува хрватски Индекс, пренесува Танјуг.
Map of felt reports received so far following the #earthquake M4.2 in Adriatic Sea 43 min ago pic.twitter.com/RnNFfwm4oZ
— EMSC (@LastQuake) April 16, 2021
„Беше силно, но кратко“, напишал еден посетител од Фермо, 50 километри западно од епицентарот на земјотресот, на веб-страницата на ЕМСЦ.
Според ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван во Италија, Хрватска, БиХ и Словенија.