191
Силен земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа во близина на филипинскиот остров Лузон, соопшти германскиот истражувачки центар за геологија (ГФЗ).
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ГФЗ, пренесе „Ројтерс“.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.