Силен земјотрес го погоди Еквадор, загина тинејџер

од Stefanija Kuzmanovska
173 прегледи

Во земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала во близина на брегот на Еквадор загина едно лице, тинејџер кој настрадал од струен удар од паднат далновод, соопштија властите, а пренесува АП.

Градоначалникот на кантонот Симон Боливар во крајбрежната провинција Гуајас рече дека 16-годишното момче загинало кога паднал кабел со висок напон додека младиот човек бил ангажиран во „спортска активност“, но не наведе повеќе детали.

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил на длабочина од околу 80 километри, со епицентар на речиси 20 километри североисточно од пристаништето Гвајакил.

Геофизичкиот институт на Еквадор соопшти дека тресењето се почувствувало во поголемиот дел од земјата, иако било „послабо“ во планинскиот регион.

Слични содржини