199
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужен Иран, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, се наведува во соопштението на ГФЗ, пренесува „Ројтерс“.
Засега нема информации за материјална штета или евентуални жртви.