Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан во светот

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди најголемиот активен вулкан во светот – Мауна Лоа на Големиот остров на Хаваите, но нема извештаи за сериозна штета, јавува NBC News.

Епицентарот на земјотресот бил во центарот на јужната падина на Мауна Лоа, на длабочина од 37 километри и два километри оддалечен од Пахала.

Вулканот Мауна Лоа последен пат еруптираше на крајот на 2022 година. Тој е еден од петте вулкани кои го сочинуваат Големиот остров.

Земјотресите на Хаваите можат да се случат поради повеќе причини, но хавајската опсерваторија за вулкани наведува дека овој најверојатно е предизвикан од тежината на самите Хавајски острови, кои ја напрегаат и „свиткуваат“ Земјината кора и горната обвивка.

Овој тип на земјотреси обично се случува на неколку десетици километри под површината на земјата, додека епицентарот на оние кои предизвикуваат движење на магмата е поблиску до површината.

Слични содржини