СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОГОДИ ПЕРУ: Имаше и последователни потреси

од Stefanija Kuzmanovska
242 прегледи

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го потресе северниот дел на Перу, објави сеизмолошкиот центар на таа земја.

Земјотресот се случи во средата вечерта во реонот на градот Трухило, на длабочина од 40 километри.

Следуваа два последователни земјотреса со јачина од 5,1 и 4,6 степени.

Засега нема информации за материјална штета или повредени.

Слични содржини