Силен земјотрес го погоди подрачјето на Индонезија

од Nikola Popovski
271 прегледи

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во централниот дел на островот Сулавеси во Индонезија, објави Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот бил на 88 километри западно од градот Лувук, а земјотресот се случил на длабочина од 15 километри, се вели во извештајот.

Засега нема информации за повредени и материјална штета.

Слични содржини